Во Куманово казнети 44 лица затоа што не носеле заштитна маска

20.01.2021 10:20 | KumanovoNews

Четириесет и четири граѓани на Куманово ќе се соочат со казна од по 20 евра, затоа што на јавен простор не носеле маска. Истата казна ќе платат и 7 жители на Крива Паланка и 5 на Кратово.

Во Куманово казнети 44 лица затоа што не носеле заштитна маска

„Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (19.01/20.01.2021, по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на СВР Куманово 56 лица не ја почитувалe, од кои во Куманово 44 во Крива Паланка 7 и во Кратово 5, за истите ќе следуваат соодветни мерки“, - соопштува МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk