Во Куманово ќе се отвори Почесен конзулат на Србија, Владимир Стајиќ почесен конзул

30.11.2021 21:49 | Сузана Николиќ

Владата  ќе отвори Почесен конзулат на Србија во Македонија со седиште во Куманово. За почесен конзул Владата го назначи  Владимир Стајиќ.

Во Куманово ќе се отвори Почесен конзулат на Србија, Владимир Стајиќ почесен конзул

„На денешната седница Владата донесе одлука за отворање почесен конзулат на Република Србија во нашата земја, со седиште во Куманово. За почесен конзул Владата го одобри Владимир Стајиќ“, соопштуваат од Владата.

Во Куманово Почесен конзулат има Романија, а конул е д-р Алириза Османи.

И српската Влада денеска донела одлука за давање согласност за отворање Конзулат на Македонија во Србија. 

Седиштето на Конзулатот ќе биде во Чајетина во Златиборскиот округ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk