Во Куманово, Липково и Старо Нагоричане навреме почна изборниот процес

05.05.2019 08:25 | KumanovoNews

Во Куманово навреме почна гласањето на сите 167 избирачки места, информираа од ОИК.

Во Куманово, Липково и Старо Нагоричане навреме почна изборниот процес

Tочно во седум часот без никакви проблеми стартуваше вториот круг од шестите претседателски избори на Република Северна Македонија, - информираат  од ОИК Куманово.

Право на глас денеска имаат 92.839 граѓани на Општина Куманово,  вклучително со 134 лица кои правото на глас го остварија вчера како затвореници или болни и изнемоштени лица.

Во 7 часот, изборниот процес почна и на сите 36 избирачки места во Општина Липково, каде право на глас имаат 25.363 граѓани.

И во Општина Старо Нагоричане, сите избирачки места се отворени навремено. Таму право на глас имаат 3.333 жители, гласаат на 38 избирачки места.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk