Во Куманово, Липково и Старо Нагоричане право на глас имаат 121.137 граѓани

14.10.2017 10:08 | KumanovoNews

 Во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричене право на глас имаат 121.137 гласачи на локалните избори што ќе се одржат утре.

Во Куманово, Липково и Старо Нагоричане право на глас имаат 121.137 граѓани

Според податоците на Општинската изборна комисија(ОИК) во Куманово има 92.639 гласачи, кои ќе остварат своето гласачко право на 167 избирачки места. Денеска во домашни услови гласаат 129 болни и изнемоштени лица и 82 осудени лица во Казнено-поправната установа затвор Кшање.

Во општина Липкови се регистрирани 25.070 гласачи и 36 избирачки места.Денеска гласаат 198 болни лица.

Во општина Старо Нагоричане во единствениот избирачки список се запишани 3.428 гласачи, кои ќе гласаат на 37 избирачки места.Денеска во Старо Нагоричане гласаат 19 болни лица.

Од трите општински комисии велат дека засега нема никакви проблеми и се се одвива според планот и предвидената динамика. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk