Во Куманово, Липково и Старо Нагоричане за гласање пријавени близу 500 болни и изнемоштени лица

19.04.2024 13:04 | Оливера Пешевска

Вкупно 487 барања се поднесени во општинските изборни комисии на Куманово, Липково и Старо Нагоричане за гласање на болни и изнемоштени лица.

Во Куманово, Липково и Старо Нагоричане за гласање пријавени близу 500 болни и изнемоштени лица

 Во Липково се пријавиле 283 лица, во Куманово пристигнале 196 барања, а во Општина Старо Нагоричане само 8. 

За Липково и Куманово барањата допрва ќе се разгледуваат, додека во Старо Нагоричане се одобрени барањата на сите осум пријавени.

Сите барања ќе ги разгледа лекар - специјалист, кој по шифрата на дијагноза ќе даде оценка колку се оправдани барањата.

За болните и изнемоштените лица да го остварат своето право на глас во сопствениот дом потребни се уредно доставени апликации на мејл адреса на ДИК, кои содржат и лекарска документација- извештај од специјалист дека лицето е болно и немоќно, неможност да ги извршува сопствените животни функции и активно решение за користење на туѓа нега или решение за користење мобилност. Пријавувањето заврши заклучно со 16 април.

Ова категорија на граѓани гласаат еден ден пред претседателските и парламентарните избори, во вторник на 23 април и 7 мај.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk