Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На три избирачки места во Куманово не е започнато гласањето во првиот круг за претседателските избори, затоа што на две места не работеле УБИГ - уредите за биометриска идентификација, а на едно недостасувал печатот.
Се работи за избирачки места во гимназијата „Гоце Делчев“ и во селата Брзак и Умин Дол.
„Утринава во Куманово отворени беа 164 од 167 избирачки места. Три не се отворени. На избирачкото место 1.075 УБИГ апаратот не беше во функција подолго од три часа и покрај сите обиди да се донесат нови. Истото се случи и на гласачкото место 1.100. Во избирачкото место 1.090 изгубен е печатот“, истакна Елизабета Стојковска, претседателка на Општинската изборна комисија.
На сите три места не е продолжено со гласање во текот на денот. Гласањето на овие три избирачки места ќе биде повторено.
На останатите 164 избирачки места имало помали забелешки, главно за нерегистрирање на отпечатокот од прст.
„Постои начин да се гласа со лична карта, и доколку избирачот е запишан во избирачкиот список ќе си го оствари своето право на глас“, истакна Стојковска.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk