Во Куманово над 500 фирми пријавиле е-маил адреси

25.03.2011 15:22 | KumanovoNews

Само 10 одтсо од правните субјекти од Куманово пријавиле е-маил во Централен регистар. Останатите тоа можат да го сторат во наредниот период, бидејќи дадениот рок до 1 април е пролонгиран.

Во Куманово над 500 фирми пријавиле е-маил адреси

Централниот регистар не наплаќал, и нема да наплаќа такса за пријавување на маил адреса. Потребните обрасци ги има на интернет страната на  Централниот регистар, потребно е од образец ПП да се пополнат само 1 и 5 страна и да се достават во канцелариите на Централен регистар – рече Игор Божиновски, раководител на регионална регистрациона канцеларија за Куманово, Крива Паланка и Кратово.

 Како што истакна Божиновски пријавувањето на е-маил адресите е  нормален процес во имплементирање на едношалтерски систем во втората фаза два. Рокот за пријавување на електонската адреса е продолжен поради големиот број на правни субјекти во државата,  а краткото време што беше дадено за завршување на постапката.

Според евиденцијата на Централен регистар на територјата на Куманово има пријавено околу 5000 правни субјекти.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk