Во Куманово најмногу заболени од грип

18.12.2016 09:52 | KumanovoNews

Најмногу болни дури 372 лица се регистрирани во Куманово од почетокот на сезоната на грип.

Во Куманово најмногу заболени од грип

- Бројот на заболени оваа недела е за 3-4 пати поголем отколку во минатата сезона. Пријавениот број на случаи на грип и заболувања слични на грип и oваа недела е над бројот што ја означува неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип, што значи дека прагот за влез во сезоната е достигнат и надминат - велат од Институтот за јавно здравје.

Во Македонија вкупно 1.243 лица досега се разболеле од грип. Само за една недела, од 5 до 11 овој месец се регистрирани 273 новозаболени.

 Најголем број заболени се на возраст меѓу 15 години и 64 години. Најбрзо, пак, се разболуваат децата од пет до 14 години.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk