Во Куманово намален бројот на жени заболени од карцином на матка

17.01.2013 11:41 | KumanovoNews

 Во Куманово последната година е регистрирано намалување на заболени жени од карцином на матка.

Во Куманово намален бројот на жени заболени од карцином на матка

 На гинеколошко-акушерското одделение во Општата болница Куманово, лани се дијагностицирани 12 случаи на рак на матка, а во 2011 година заболеле 14  жени. За половина помалку, односно 21 жена имале и промени на грлото на матката кои можат да прераснат во карцином.

 Им советувам на жените на секои шест месеци или барем еднаш годишно да прават папа николау тест. Доколку има некои промени, колку порано ќе се јават, толку подобро. Најчесто пациентките се на возраст од 30 до 40 години - вели Нисо Тасев, началник на гинеколошко - акушерско одделение.

Жените во средни години кои се репродуктивно способни најчесто заболуваат од рак на грлото на матката.

Во 2010 година кај 9 пациентки е дијагностициран карцином на матка, а 39 жени имале дисплазија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk