Во Куманово навреме отворени гласачките места

15.07.2020 07:23 | KumanovoNews

 Во Куманово, во 7 часот беа отворени сите избирачки места и започна гласањето на десеттите парламентарни избори.

Во Куманово навреме отворени гласачките места

На 167 избирачки места, во Куманово денеска право на глас ќе остварат 92.167 граѓани.

„Досега немаме никакви примедби, се` започна според предвиденото. Сите избирачки места се отворени навремено“, изјави Драган Јовановски, претседателот на ОИК Куманово.

Во Куманово вчера гласаат 185 изнемоштени и стари лица, од пријавени 192, како и лица од „Зафир Сајто“ и затворениците од затворот К`шање.

На 13-ти правото на глас во Куманово го остварија 30 заразени лица со коронавирус или во изолација од 31 пријавени.

Избирачките места беа отворени во 7 часот, а гласањето ќе трае до 21 часот, два часа подолго од вообичаеното на претходните избори.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk