Во Куманово наврна 14 литри дожд, минималната температура 11 степени

20.11.2019 08:48 | KumanovoNews

Во изминатото деноноќие во Куманово наврнале 14 литри на метар квадратен дожд, а измерена е минимална температура од 11 степени Целзиусови.

Во Куманово наврна 14 литри дожд, минималната температура 11 степени

Најмногу дожд паднало во Крушево 30 литри на метар квадратен, а најмалку во Штип само 2 литри.

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат пообилни. Локално врнежите ќе бидат поројни проследени со појава на грмежи и засилен ветер, на места ќе достигнува брзина и над 60 км/час.

Во југоисточните делови од земјава се очекува да наврнат над 35 л/м2 воден талог. Кон крајот на денот врнежите ќе престануваат. Максималната температура ќе биде во интервалот од 11 до 17 степени.

Во Куманово претежно облачно со врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од  југоисточен правец. Попладне врнежите ќе престануваат. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk