Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во последните 24 часа во Куманово наврнаа 17 литри дожд на метар квадратен, потврдуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Најмногу дожд падна во Попова Шапка 44 л/м2, потоа 33 л/м2 во Пожаране, 31 Маврово, 29 Тетово, 21 Лазарополе, 19 К.Паланка, 18 Скопје-З.Рид, 17 Куманово, 9 Ѓуриште, 7 Скопје- Петровец, 3 Крушево, 1 Охрид, Берово.
Минималната температура е измерена 9 степени во Попова Шапка, 10 Лазарополе, 11 Маврови Анови, 12 Крушево, 14 Крива Паланка, Тетово, Куманово, Берово, Претор, 15 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Струмица, Прилеп, Охрид, 17 Битола, 18 Штип, Гевгелија, Дојран, 19 Демир Капија.
Времето во текот на ноќта беше облачно со врнежи од дожд, пообилни во северозападните делови. Утрово и понатаму преовладува облачно време со локален дожд. Во југозападните и југоисточните делови понекаде има делумно намалување на облачноста. Дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 25 степени.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk