Во Куманово наврна 17 литри дожд, нема штети од невремето

30.05.2022 11:28 | Сузана Николиќ

 Во текот на вчерашното попладне навнале 17,1 литар на метар квадратен дожд во Куманово.  Поројниот дожд проследен со  силен ветар, електрични празнења и град, не предизвикал поголеми штети. 

Во Куманово наврна 17 литри дожд, нема штети од невремето

Скршени се повеќе дрвја и имало излевање на водата на улица во населбата Карпош и во други делови на градот.

„Имавме дојава дека на ул. Страшко Симонов од силниот ветер се кршило дрво, кое паднало на улицата и го отежнува сообраќајот. Известени се надлежните во ЈП „Чистота и Зеленило“, кои до крајот на денот го отстраниле дрвото“, соопштуваат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК). 

Според УХМР, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. 

Попладне ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 31 степен. УВ=8

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk