Во Куманово наврна 20 литри дожд

10.09.2015 07:33 | KumanovoNews

 Обилните врнежи од дожд придонесоа во Куманово за 24 часа да наврнат 20 литри дожд на метар квадратен.

Во Куманово наврна 20 литри дожд

Најмногу дожд наврна во јужните и југозападните делови на Македонија, потврдуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

“Во Петор наврнаа 62 литри на метар квадратен,  во Крушево  45, а во Скопје има 12 литри. И денеска не очекува врнежливо време со поинтензивни врнежи во попладневните часови. Утрово поинтензивни врнежи ќе има на запад, а потоа ќе се преселат на исток, но генерално насекаде ќе биде врнежливо“-вели Борис Секирарски, дежурен синоптичар во УХМР.

Намалување на врнежите се очекува од утре по што ќе следи пораст на дневните температури.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk