Во Куманово наврна 39 литри дожд

03.06.2019 09:34 | KumanovoNews

Во изминатите 24 часа, најмногу дожд наврна во Куманово и Пожаране, вкупно 39 литри на метар квадратен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Куманово наврна 39 литри дожд

Следуваат Скопје со 38 и Тетово со 26 литри. Најмалку дожд имало во Демир Капија, само еден литар на метар квадратен воден талог.

Во текот на денот ќе имаме променливо облачно, претпладне со врнежи од дожд претежно во западните делови. Од пладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер.

Максималните температури, според синоптичарите на УХМР, ќе бидат во интервал од 16 до 25 степени.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk