Во Куманово наврна 44 литри дожд

03.05.2016 09:17 | KumanovoNews

Во изминатите 24 часа во Куманово наврнаа 44 литри дожд на метар квадратен, што е најголема количина во државата.

Во Куманово наврна 44 литри дожд

Како што информира УХМР, до осум часот утрово водниот талог достигна 36 литри на метар квадратен во Пожаране, 29 во Пожар и Лазарополе, 26 во Маврово, 25 во Берово, Крива Паланка и Дојран, 21 во Крушево, 20 во Претор и Ѓуриште, 19 во Струмица, 18 во Штип, Гевгелија и Виница, 16 во Охрид, 15 во Скопје Петровец и Тетово, 14 во Битола, 11 во Скопје Зајчев Рид, девет во Демир Капија и осум литри во Тополчани.

Најстудено е во Лазарополе, 1 степен, а максимални 10 степени се измерени во Штип, Скопје, Струмица, Дојран, Гевгелија и Куманово. Во Тетово е 9 степени, во Виница и Демир Капија 8, во Ѓуриште, Крива Паланка и Дебар 7, во Берово, Прилеп и Охрид 6, во Битола, Претор и Охрид, Тополчани и Пожаране 5, во Пожар 4, а во Маврово 2 степена.

Според УХМР, до крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен повремено засилен северозападен ветер.

Утре се очекува променливо облачно време со повремен локален дожд и со умерен повремено засилен северен ветер. И во наредните денови ќе се задржи променливо облачно и релативно свежо време со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет, а ќе има и услови за ретка појава на грмежи. До четврток ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk