Во Куманово наврна 52 литри дожд, поплавени повеќе улици

09.07.2022 11:13 | Сузана Николиќ

Во изминатите 24 часа најмногу дожд во државата наврна во Куманово, дури 52 литри на метар квадратен. 

Во Куманово наврна 52 литри дожд, поплавени повеќе улици

Обилните врнежи почнаа вчера околу 17.30 часот, а продолжија во текот на ноќта и утринава. Поради големото количество на вода повеќе улици беа поплавени. Најалармантно беше на булеварот „Октомвриска револуција“, каде што беше успорен сообраќајот и движењето со автомобилите.

Граѓаните на социјалните мрежи споделија слики од излевање на градската канализација.

После Куманово, најмногу дожд падна на Попова Шапка 47 литри, Тетово 42, Пожаране 40 и 34 Скопје...

Времето денеска ќе биде претежно облачно и свежо со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат обилни
(10 до 20 л/м 2 ). Локално врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и со услови за ретка појава на град. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени. УВ=4.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk