Во Куманово наврна 7 литри дожд на метар квадратен, во Крива Паланка 91

05.08.2025 09:16 | KumanovoNews

Во Куманово во изминатите 24 часа, наврна 7 литри дожд на метар квадратен, додека во Крива Паланка 91 л/м2, најмногу во државата.

Во Куманово наврна 7 литри дожд на метар квадратен, во Крива Паланка 91

Потоа следуваат: Виница 68, Берово 46, Прилеп 27,  Тетово 16,  Штип 14, 13 Скопје- Петровец, 9 Битола, 7 Куманово, Крушево, 5 Демир Капија, 2 Претор.

„Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената”, велат од УХМР.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени.

Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Максималната температура ќе достигне до 26 степени.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk