Во Куманово наврнаа 12 литри дожд

14.06.2024 08:22 | KumanovoNews

Во краткото невреме кое утринава го зафати регионот, во Куманово наврнаа 12 литри дожд на метар квадратен.

Во Куманово наврнаа 12 литри дожд

И температурата на воздухот е во опаѓање во однос на изминатите денови. Максималната дневна температура ќе се движи до 28 степени.

„Според радарската слика во моментот Кумановската котлина е зафатена со нестабилна облачна маса проследена со пороен дожд, грмежи и град. Невремето од Куманово се движи кон Пехчево и Берово“, информираа од УХМР утринава. 

Денеска ќе преовладува променливо облачно време, претпладне со повремен пороен дожд и грмежи, локално и во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен ветер. Попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува ведро време.

Во деновите од викендот ќе преовладува сончево и топло време, со мала до умерена локална облачност. Дестабилизација на временската состојба се очекува од понеделник, за кога се предвидуваат нестабилно време со краткотрајни поројни дождови и грмежи во попладневните часови.  

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk