Во Куманово наврнаа 16 литри дожд на квадрат за едно деноноќие

23.10.2015 10:00 | KumanovoNews

Во последните 24 часа во Куманово наврнаа 24 литри дожд на метар квадратен, потврдуваат од Управата за хидрометеоролошки работи во Скопје.

Во Куманово наврнаа 16 литри дожд на квадрат за едно деноноќие

Во последното деноноќие наврнаа 8 литри во Виница, 9 во Дебар, 11 во Скопје и Берово,  12 во Крива Паланка,  14 во Прилеп,  15 во Ѓуриште, 16 во Штип, 17 во Охрид и Тополчани, 18 во Кавадарци и Струмица, 19 во Крушево,  20 во Тетово и Битола,  22 во Демир Капија,  23 во Претор, 24 во Пожаране,  25 во Лазарополе и  Дојран,  26 во Маврово и 30 во Гевгелија.

До крајот на денот не очекува облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат со послаб интензитет. Особено  ќе бидат застапени во источните делови на земјава. Преку денот ќе има и кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk