Во Куманово наврнаа 33 литри дожд, нема зголемување на водотеците на реките

10.09.2024 11:44 | KumanovoNews

Повеќе од 33 литри на метар квадратен дожд наврнаа во Куманово во текот на ноќта. Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Куманово наврнаа 33 литри дожд, нема зголемување на водотеците на реките

Иако на места обилни, поради изминатиот сушен период врнежите не предизвикаа поголеми зголемувања на водостоите на реките низ земјава. 

„Во текот на денот, како и за време на утрешниот ден, повторно се очекуваат врнежи од дожд, но во помали количини и со нешто помал интензитет. Овие врнежи се очекува да ги зголемат водостоите на реките низ земјава, без опасност од појава на излевање на водата од речните корита на водотеците. После долгиот сушен период ќе бидат добредојдени за природните езера во земјава, а исто така и за подобрување на состојбата со вештачките акумулација и нивно извесно надополнување со вода“, соопштуваат од Центарот за управување со кризи.

Врнежите придонесоа за значително посвежо време- денеска не се очекуваат температури повисоки од 22 степени целзиусови. Дождот ќе продолжи и во текот на денешниот и во утринските часови утре, на места пообилни и поројни. Стабилизација на времето, и малку потопло време се очекува од попладневните часови во среда.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk