Во Куманово наврнаа 7 литри дожд

16.07.2018 09:28 | KumanovoNews

Вo изминатите 24 часа во Куманово наврнале 7 л/м дожд, соопштуваат од УХМР.

Во Куманово наврнаа 7 литри дожд

 Врнежите го зафатија кумановско околу 20 часот, а продолжија во текот на ноќтта.

  Променливо облачно време со сончеви периоди, околу пладне и попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во западните и крајните источни делови, ќе биде и денеска. Ќе дува умерен северен ветер, особено вдолж Повардарието.

Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 30 степени. УВ=7

Утре во поголемиот дел од земјава ќе настапи стабилизирање на времето, а во северните делови се уште ќе има услови за краткотраен попладневен дожд. Потоа следува период на претежно стабилно и потопло време, освен во петок кога во попладневните часови на север ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk