Во Куманово наврнаа 7 литри дожд на метар квадратен

17.10.2015 13:35 | KumanovoNews

Во Куманово во последните 24 часа наврнаа 7 литри дожд на метар квадратен, потврдуваат од Управата за хидрометеоролошки работи од Скопје.

Во Куманово наврнаа 7 литри дожд на метар квадратен

Најмногу дожд ноќеска наврна во планинските делови на Македонија.

Во Крушево наврнаа 16 литри дожд на метар квадратен, во Лазарополе 14, Дебар 11, Пожаране 11, Маврово 10, Тетово 9, Охрид 8, Претор 6. Денеска не очекува променливо облачно време со сончеви периоди попладне во источните делови. Во западните делови ќе има услови за слаб дожд, слаб до умерен ветер од јужен правец,  а максималните температури ќе се движат до 22 степени - вели Маја Којдовска Маркоска, дежурен синоптичар.

Во понеделник ќе има услови за врнежи од дожд, а од среда се очекува пад на температурите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk