Во Куманово нема нови случаи на ковид, активни уште 28 лица

26.06.2021 14:49 | KumanovoNews

Во последните 24 часа  направени се 3.147 тестирања, а регистрирани се 6 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје  –  3, Тетово – 2 и Струмица - 1.

Во Куманово нема нови случаи на ковид, активни уште 28 лица

Регистрирани се 4 оздравени пациенти од: Скопје, Тетово, Делчево и Крушево – по 1.

Не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 870.380 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.669, бројката на оздравени пациенти е 149.950, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 235.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 68656, Активни 88

Куманово 8882, Активни 28

Прилеп 8327, Активни 18

Тетово 7248, Активни 22

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk