Во Куманово нема новозаболени од ковид-19

31.05.2021 14:42 | KumanovoNews

Во последните 24 часа регистрирани се 3 нови случаи на ковид- 1, сите во Скопје, а направени се 1.325 тестирања.

Во Куманово нема новозаболени од ковид-19

 Регистрирани се 45 оздравени пациент од: Скопје – 24, Битола – 6, Куманово и  Радовиш – по 4, Виница – 3, Тетово, Кавадарци, Кочани и Кичево – по 1.

Пријавени се вкупно 5 починати лица: по едно лице од Скопје (72г), Радовиш (81г), Тетово (69г), Штип (50г) и Пробиштип (72г).

Од пријавените, едно лице  е починато  во домашни, а останатите 4 во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 796.157 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.272, бројката на оздравени пациенти е 148.709, на починати е 5.413, а бројот на активни случаи изнесува 1.150.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 68511, Активни 484

Куманово 8825, Активни 110

Прилеп 8301, Активни 58

Тетово 7212, Активни 47

Битола 6291, Активни 55.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk