Во Куманово нема новозаболени од ковид-19

14.06.2021 15:34 | KumanovoNews

Во Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) во Куманово втор ден нема новозаболени и починати од коронавирус. Регистрирани се само тројца оздравени.

Во Куманово нема новозаболени од ковид-19

 На ниво на државата во последните 24 часа регистрирани се 4 нови случаи на ковид-19, а направени се 1.337 тестирања. По градови во Скопје тројца и во Прилеп едно лице.

Регистрирани се 14 оздравени пациенти од: Скопје – 8, Куманово – 3, Прилеп, Неготино и Македонска Каменица  –  по 1.

Пријавено е 1 починато лице: од Скопје (66), во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 835.436 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.540, бројката на оздравени пациенти е 149.642, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 426.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 68614, Активни 183

Куманово 8868, Активни 49

Прилеп 8319, Активни 33.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk