Во Куманово нема опасност од излевање на реките

08.04.2013 10:50 | KumanovoNews

 Во текот на изминатите 24 часа во Куманово и кумановско, наврнаа 15 литри дожд на метар квадратен, кои не предизвикаа некои големи потешкотии.

Во Куманово нема опасност од излевање на реките

Водостојот  на реките е со стабилно ниво и нема опасност од излевање, известуваат од Центарот за управување со кризи.

Во наредните денови се очекува по стабилно време, со постепено зголемување на температурата.

Утре дневната температура ќе се движи до 17,во среда и четврток до 19 степени Целзиусови.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk