Во Куманово ноќеска - 17 степени, денеска облачно и многу студено

09.01.2017 08:48 | KumanovoNews

Во Куманово ноќеска се измерени -17 степени. Најстудено било во Маврово со -21 а најтопло во Гевгелија со -7 степени Целзиусови.

Во Куманово ноќеска - 17 степени, денеска облачно и многу студено

Времето утринава е променливо облачно и студено, а само на југозапад е претежно ведро. Дува слаб умерен северен ветер кој во Гевгелиско повремено засилува.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и многу студено со сончеви периоди, и со услови за провејување на снег. Ќе дува  умерен северен ветер поинтензивен во Повардарието. Преку ноќта кон вторник ќе има повремен снег претежно на југот од земјата. Температурата денес во интервал од -10 до -2° С.

Уште утре ќе се задржи претежно променливо облачно и понатаму многу студено време со услови за повремено провејување на слаб снег почест од вечерните часови. Утре врнежите од снег ќе завршуваат, а ќе се почести во јужните делови од земјата. Се уште ќе дува северниот ветер, но ќе е послаб.

Во среда и четврток ќе преовладува променливо облачно време и ќе започне постепен пораст на температурата. Ќе настапи краткотрајно и не многу брзо топење на снегот. На крајот на работната недела краткотрајно ќе дува јужен ветер и со позначителен пораст на температурата на воздухот од запад ќе започнат нови преодни врнежи кои на југот од земјата ќе бидат од дожд.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk