Во Куманово ноќеска -2, денеска променливо облачно

18.02.2017 08:24 | KumanovoNews

Ноќеска во Куманово беше измерена минимална температура од -2 степани, во Берово - 5, а во Тополчани и Дебар 3 степани Цезиусови.

Во Куманово ноќеска -2, денеска променливо облачно

Претпладне по котлините ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот  ќе биде променливо облачно, во западните и северозападните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините ќе поминуваат во снег. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Највисоката температура на воздухот ќе биде во интервалот од 9 до 14 степени.

Скопје, сончево со мала  до умерена облачност, кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Највисоката температура ќе достигне до 12 степена.

В недела ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места во северозападните делови со повремен снег. Интезитетот на врнежите ќе биде слаб до умерен, локално околу 10 л/м2. Ќе преовладува релативно топло време, благо опаѓање на дневнaтa температурa ќе има в недела и в понеделник.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk