Во Куманово ноќеска -7, снежната покривка 1 см

06.01.2019 09:20 | KumanovoNews

Висината на снежната покривка  во Куманово утринава во 7 часот изнесувала 1 сантиметар, а минималната температура измерена во текот на ноќта е -7 степени Целзиусови.

Во Куманово ноќеска -7, снежната покривка 1 см

Најмногу снег има на Маврово 65 сантиметри, а најладно било во Битола со -21 степен.

Моменталната состојба е умерено до значително облачно и многу студено. Локално во северните и североисточните делови провејува снег.

Времето денеска ќе биде променливо облачно. Локално, особено во северните делови, ќе има слаби врнежи од снег. Попладне во централните и јужните делови ќе има сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во источните делови засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне од -4 до 4 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со максимални дневни температури под или околу нулата. Утринските температури ќе бидат многу ниски, а најстудено се очекува да биде во вторник наутро кога речиси во целата земја температурата ќе се спушти под -10, а на повеќе места и под –15 степени. Нови пообилни врнежи од снег се очекуваат во среда.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk