Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Куманово ноќеска е измерена минимална температура од -12 степени Целзиусови. Најладно било во берово со -21, а најтопло во Дојран -4.
Времето утрово е студено со малку повеќе облачност во југозападните делови од земјата. Само понекаде дува слаб претежно северен ветер.
Преку денот ќе биде сончево со мала облачност, поизразена на југот од земјата. Ќе дува слаб претежно северен ветер. Температурата од -2 до 5° С. Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб претежно северен ветер. Температурата 2 ° С.
Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури, додека дневните ќе бидат за 2 до 5 степени повисоки. Од недела и условите за појава на магла по котлините ќе се зголемат, а ќе се зголеми и облачноста па од понеделник утринските температури ќе се покачат.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk