Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Куманово ноќеска се измерени -14 степени Целзиусови. Најстудено било во Берово со – 18 степени, а најтопло во Гевгелија со - 5.
Најмногу снег има во Маврово 87 сантиметри, во Лазарополе 79, во Крушево 58 и во Пожаране 50 сантиметри.
Според УХМР времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер.
Во вечерните и ноќните часови почнувајќи од запад ќе има врнежи од снег, кои во втората половина на ноќта на некои пониски места ќе поминуваат во дожд, а локално ќе има и појава на замрзнат дожд.
Утре ќе биде облачно со врнежи кои уште во текот на претпладнето на повеќе места ќе поминуваат во дожд, а попладне ќе бидат со послаб интензитет. За време на викендот ќе настапи значително затоплување што ќе услови нагло топење на снежната покривка. Во сабота преку денот ќе биде главно суво, но во текот на ноќта кон недела и во недела наутро повторно ќе има врнежи претежно од дожд.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk