Во Куманово ноќеска измерени минус 12 степени

16.02.2021 09:00 | KumanovoNews

Минус 12 степени Целзиусови се измерени ноќеска во Куманово, соопштува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Куманово ноќеска измерени минус 12 степени

Најладно било во Битола со - 22, а потоа  Скопје - Петровец - 17, -16 Берово, -15 Кр.Паланка, Тетово, Д.Капија, Маврово, -14 Прилеп, Штип, -13 Дебар, Попова Шапка, -12 Охрид, Крушево, Куманово, -11 Претор, Пожаране, -10 Виница, -9 Струмица, Тополчани, Ѓуриште, -8 Скопје-З.Рид, -4 Гевгелија, Дојран.

Времето денска ќе биде претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5 степени.

Во Кумановое, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 2 степена.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk