Во Куманово нови 4 случаи на ковид-19

03.08.2021 18:45 | Сузана Николиќ

Во последните 24 часа се направени 3.658 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на ковид-19. По градови во: Скопје – 15, Тетово – 8, Куманово – 4, Гостивар – 3, Кичево – 2, Битола, Струмица, Кочани, Радовиш и Дебар - по 1.

Во Куманово нови 4 случаи на ковид-19

Регистрирани сe 23 оздравени пациенти од: Тетово – 10, Скопје – 4, Куманово – 3, Кичево - 2, Гостивар, Штип, Струмица и Кочани – по 1.

Нема починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 989.214 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.543 бројката на оздравени пациенти е 150.422, на починати е 5.494, а бројот на активни случаи изнесува 627.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 15, активни 195
Куманово 4, активни 68
Тетово 8, активни 175
Битола 1, активни 26.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk