Во Куманово нови 46 позитивни на ковид-19

28.07.2022 16:16 | Сузана Николиќ

Направени се 1.866 тестови, а регистрирани се нови 884 случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство. 

Во Куманово нови 46 позитивни на ковид-19

По градови во: Скопје – 359, Битола – 65, Куманово и Прилеп – по 46, Кавадарци – 44, Велес – 41, Охрид – 37, Тетово – 35, Струмица – 26, Штип – 25, Гостивар – 21, Струга -  20, Радовиш – 17, Кичево – 14, Неготино – 13, Гевгелија – 11, Ресен – 10, Дебар – 9, Кочани – 8, Крива Паланка – 7, Крушево – 6, Кратово – 5, Валандово – 4, Берово и Демир Хисар – по 3, Виница, Богданци, Македонски Брод и Дојран – по 2, Пехчево – 1.

Регистрирани сe 745 оздравени пациенти од: Скопје – 324, Куманово – 75, Битола – 65, Кавадарци – 34, Велес – 30, Прилеп – 28, Охрид – 27, Тетово – 20, Штип – 18, Кичево – 16, Струмица – 14, Струга – 13, Гевгелија – 11, Неготино и Ресен – по 10, Радовиш – 8, Гостивар и Кочани – по 7, Крива Паланка – 5, Македонски Брод и Свети Николе – по 4, Дебар, Валандово и Демир Капија – по 3, Кратово – 2, Крушево, Берово, Демир Хисар и Богданци – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице од Скопје (77) во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин регистрирани се 4 починати лица, по едно од Струмица, Штип, Кочани и Гостивар. Од пријавените лица, 3 се починати во болнички, а едно лице во домашни услови.  Лицата за починати се пријавени во период од 29.06 до 25.07.2022 година.

Направени се 46 тестови во Центарот за јавно здравје во Куманово, а активни се 231 случај.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk