Во Куманово нови 48 позитивни на ковид-19

15.11.2020 17:28 | KumanovoNews

 Во последните 24 часа регистрирани се 990 нови случаи на ковид-19, a направени се 2655 тестирања.

Во Куманово нови 48 позитивни на ковид-19

По градови во: -Скопје 378, -Куманово 48, -Штип 51, -Прилеп 55, -Велес и Гостивар 54, -Битола 44, -Тетово 39, -Струга 27, -Охрид 39, -Кавадарци 24, -Гевгелија 16, -Струмица 19, -Крива Паланка 3, -Кочани 27, -Кратово 3, -Свети Николе 11 и др.

Починати се 24 лица, седум пациенти од Скопје (58, 80, 86, 63, 50, 61 и 45), еден од Штип (64), еден од Прилеп (57), еден од Тетово (61), двајца пациенти од Битола (66 и 73), три од Кавадарци (83, 78 и 69), еден од Гостивар (46), три пациенти од Струмица (78, 68 и 59), еден од Берово (41), еден од Делчево (83) и три пациенти од Кичево (44, 58 и 63). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 382 оздравени пациенти од: -Скопје 116, -Куманово 25  и др.

Досега во земјата се направени вкупно 292.189 тестирања на ковид-19.  

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 47050, бројката на оздравени пациенти е 27364, на починати е 1305, а бројот на активни случаи изнесува 18381.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk