Во Куманово одбележан денот на спортот

06.04.2016 14:46 | KumanovoNews

Ученици и спортисти, денеска на Градскиот плоштад во Куманово го одбележаа Меѓународниот ден на спортот.

Во Куманово одбележан денот на спортот

 Хепенонгот го организираше Демократската партија на Србите во Македонија и КУД „Српски вез“.

Им благодарам на ракометарките на Вардар што дојдоа тука,  благодарам на сите млади деца кои одговорија на повикот да дојдат овде да се дружиме, да покажеме пред се Куманово е град на спортот и дека сите овие акции кои ги правиме ги правиме со цел Македонија да роди нов шампион во некој од спортовите со кои децата се занимаваат“, - рече претседателот на ДПСМ и пратеник Иван Стоилковиќ.

Оваа година за првпат се организира ваков спортски хепеник, а Стоилковиќ е задоволен од одзивот на младите спортисти. Најави дека манифестацијата ќе прерасне во традиционална. 

Ракометарката Сара Ристевски истакна дека за нив ова е посебен ден и им порача на младите што повеќе да се занимаваат со спорт.

„Навистина е убаво чувството кога можеш да успееш. Се надевам дека ќе имаме поголеми поддржувачи во спортот, дека навистина овие млади деца што се присутни тука ќе продолжат да се бават со спорт и дека ќе успеат да ги остварат своите цели“,-изјави Ристевска.

Организаторите вчера се пофали дека на хепенингот ќе присуствува српската репрезентативка Андреја Лекиќ, но таа не беше меѓу професионалните спортисти.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk