Во Куманово одбележана 149-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

04.02.2021 19:04 | KumanovoNews

Денот на раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, 4 февруари беше одбележан во кумановската Гимназија која го носи неговото име.

Во Куманово одбележана 149-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

Пред бистата на Гоце Делчев, цвеќе положија претставници од училиштето, градоначалникот и делегација од Советот на Општина Куманово, претставници од политички партии, здружение на воени ветерани и друштво на писатели.

„Денеска одбележуваме 149 години од раѓањето на големиот револуционер, мислител и народен учител Гоце Делчев и 67 години како нашата гимназија го носи неговото име. Во духот на мислата на нашиот патрон, ние вработените и нашите ученици, животот и училиштето го разбираме како поле за натпревар во знаење, другарство, пријателство, меѓусебно почитување и хуманост. Нашето училиште го одбележа празникот согласно сите протоколи“, изјави професорката по македонски јазик Соња Тодоровска.

Пред присутните ученици прочитаа творба во чест на народниот учител.

(Д.Д.)


 
Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk