Во Куманово одбележени Неделата на детето и Светскиот ден на учителот

05.10.2023 18:28 | Оливера Пешевска

Над  250 првачиња од 16 општински училишта, како и 20 - тина деца од големите групи на детската градинка „Ангел Шајче“, денеска присуствуваа на прославата по повод Неделата на детето и Светскиот ден на учителот, која се одржа во салата на Комитет.

Во Куманово одбележени Неделата на детето и Светскиот ден на учителот

Детската недела традиционално се одбележува секоја прва недела во месец октомври во целиот свет со пригодни активности. Годинава случајно се совпаднала и со 5 октомври - Светскиот ден на учителот.

Градоначалникот Димитриевски им посака многу успех, здравје и среќа на децата, но и на наставниот кадар вклучен во воспитно-образовниот процес, воедно потсетувајќи дека се почнува од домот и семејството.

„Потребно е многу повеќе домашно воспитување, не само формално образование. Ние како родители треба да ја исполнуваме основната обврска и да се посветиме на нашите деца. Да ги оставиме на страна трендовите на современото општество, бидејќи семејството е на прво место.

Образованието почнува токму од домот, да се грижиме едни за други и секако да се заблагодариме на воспитно- образовниот кадар, на учителите, бидејќи тие ја оставаат најдлабоката трага во нашиот раст и развој и се составен дел на нашето секојдневно образование и едукација“, истакна Димитриевски.

Присутните проследија пригодна куса програма, со лични литературни творби на ученици и тоа на на македонски, албански, српски и ромски јазик.

„Учениците доаѓаат од Кочо Рацин ,Толи Зордумис,Христијан Карпош и Браќа Рибар од село Табановце. Воедно, тие има шанса и да му постават прашања на градоначалникот за работи што ги интересраат“, изјави Анита Димовска, претседтаелка на Здружението на просветни работници Куманово.

Надлежните посакаа Куманово да се гради и развива, истовремено создавајќи многу поперспективна и побогата младина, исполнета со знаења и вештини кои ќе ги применуваат за доброто на нашиот град и нашата држава.

Настанот беше организиран од Здружението на просветни работници и Сектор за образование на Општина Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk