Во Куманово одзивот на парламентарните избори е 51,67 отсто, а на претседателските 44,49 отсто

08.05.2024 20:37 | Оливера Пешевска

Во Општина Куманово излезноста до 18.30 часот за претседателските избори е 44,49 проценти, а на парламентарните 51,67 отсто.

Во Куманово одзивот на парламентарните избори е 51,67 отсто, а на претседателските 44,49 отсто

Во Старо Нагоричане и на претседателските и на парламентарните избори гласале повеќе од половина од запишаните избирачи- за шеф на државата се изјасниле 55,24 посто од избирачите, а на парламентарнмите избори гласале 55,92 граѓани со право на глас.

Во Липково за избор на претседател гласале само 7.35 отсто од запишаните избирачи, додека за идниот парламентарен состав свој глас дале 41,40 од запишаните гласачи.

Потребниот цензус од 40 % плус еден е постигнат на ниво на државата. Според Државната изборна комисија излезноста на целата територија на Македонија на претседателските избори изнесувал 46,39 отсто, односно 779.136 граѓани учествувале во изборот на следниот шеф на државата. Многу повеќе граѓани учествувале во изборот на пратениците- 53,38 проценти од запишаните избирачи.

Избирачките места беа затворени во 19 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk