Во Куманово осудени 168 полнолетни лица

30.05.2015 09:23 | KumanovoNews

Во Основен суд Куманово лани се осудени 168 полнолетни лица, стои во соопштението од Државниот завод за статистика.

Во Куманово осудени 168 полнолетни лица

Од вкупниот број осудени 14 се жени, а на 75 им се изречени казни. Од нив 42 добиле затворски казни, а 29 поминале само со парични казни, додека на 4 им е изречена мерка протерување на странец. Во текот на 2014 година осудени се 53 луѓе во Крива Паланка, а во Кратово само 2.

Во 2014 година, во споредба со 2013 година на ниво на држава, бројот на осудените полнолетни лица е зголемен за 22.5 отсто, а бројот на обвинетите лица, исто така, е зголемен за 11.4 отсто.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk