Во Куманово осум новозаболени, во земјата рекордни 225

02.10.2020 20:10 | KumanovoNews

Во последните 24 часа на ниво на државата регистрирани се 225 нови случаи на ковид-19, а направени 1694 тестирања. По градови во: Скопје 96, Кочани 17, Тетово 15, Струмица 11, Берово 10, Куманово 8, Крива Паланка 7 и др.

Во Куманово осум новозаболени, во земјата рекордни 225

Починати се 6 лица, тројца пациенти од Скопје (63, 71 и 83), по еден од Прилеп (78), Тетово (63) и Битола (59).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 96 оздравени пациенти. Од Куманово 10 лица.

Досега во земјата се направени вкупно 191.821 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18363, бројката на оздравени пациенти е 15164, на починати е 749, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2450.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk