Во Куманово насликан мурал на Бобан Трајковски, еден од загинатите бранители

29.04.2024 08:15 | KumanovoNews

Бобан Трајковски, еден од загинатите бранители во 2001 година доби мурал во Куманово. 

Во Куманово насликан мурал на Бобан Трајковски, еден од загинатите бранители

Трајковски беше еден од осумтемина припадници на македонските безбедносни сили кои беа убиени во Вејце во 2001 година. 

„Немаме ниедна улица, јавен објект во градот којшто би требало да го носи неговото име. Општината треба да донесе одлука, бидејќи градиме мултиетничкото општество. Овие луѓе биле во легална институција, законски поставувале, го дале животот“, изјави Антонио Станковски, од здружението „СИЛА“, организатор на вчерашниот настан во Куманово.

Муралот го изработија уметниците од „Форма“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk