Во Куманово откриени 45 кражби на струја

07.08.2014 09:03 | KumanovoNews

Од почетокот на годинава, регистрирани се 45 случаи на кражби на струја во Куманово, соопштуваат од ЕВН Македонија.

Во Куманово откриени 45 кражби на струја

Граѓаните краделе струја така што директно се поврзувале на дистрибутивната мрежа пред мерниот уред, манипулирале со броилото, се приклучиле на дистрибутивната мрежа без да добијат решение за енергетска согласност или сами се приклучувале по исклучување поради неплатени сметки.

   По бројот на кражби на струја Куманово е зад Скопје, Струмица, Тетово. Против сите граѓани кои краделе струја се поднесени кривични пријави, тие се процесуирани до судот и понатаму судот треба да пресуди за нив - рече Атанас Ковачевски, портпарол на ЕВН Македонија.

Од јануари до август годинава македонските судови изрекле вкупно 83 првостепени пресуди на корисници кои претходно краделе електрична енергија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk