Во Куманово откриени пет даночни затајувања

06.03.2014 14:42 | KumanovoNews

СВР Куманово лани има откриено 5 кривични дела “даночно затајување“.

Во Куманово откриени пет даночни затајувања

Еден од посериозните случаи беше откривањето на објекти каде се играат игри на среќа без лиценци и платени давачки.

Повеќе откриени дела “даночно затајување“ имаат СВР Тетово 16 и СВР Струмица 8, а помалку СВР Битола 3, СВР Скопје и Велес по 2 и по едно во СВР Штип и СВР Охрид.

Во вкупно 43 дела се вмешани 87 сторители кои на шетата на државниот буџет затаиле 234.000.000 денари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk