Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Куманово во зиминатите 24 часа наврнаа 38 литри на метар квадратен.
Според мерењата на УХМР, најмногу дожд наврна во Маврово 81, Пожаране 61, Лазарополе 59, Тетово 54 и Дебар 48.
Во Скопје се наврнати 40 литри на метар квадратен, Куманово 38, Берово 32, Битола 28, Крива Паланка и Крушево 26, Охрид 23, Струмица 21, Тополчани 18, Дојран 16, Гевгелија и Претор 12, Штип, Виница, Прилеп и Ѓуриште 11 и Демир Капија 9.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На места врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, во форма на невреме и со услови за изолирана појава на град. Нестабилноста ќе биде позастапена во источната половина на земјава. Температурата ќе биде во интервал од 13 до 18 степени.
Утре врнежите ќе бидат со слаб интензитет, а на повисоките планини во северзападниот дел од земјава ќе поминуваат во снег.
Променливо облачно со повремени локални врнежи врнежливо ќе се задржи и во наредните денови, а температурата ќе биде во опаѓање.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk