Во Куманово петмина новозаболени, 46 активни случаи на коронавирус

29.07.2021 15:25 | Сузана Николиќ

Во последните 24 часа направени се 3.764 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи на ковид-19. По градови во: Скопје – 16, Тетово – 9, Битола и Дебар – по 6, Куманово – 5, Кочани – 3, Гостивар и Струмица – по 2, Прилеп, Кавадарци, Охрид, Радовиш и Валандово – по 1. 

Во Куманово петмина новозаболени, 46 активни случаи на коронавирус

Регистрирани сe 12 оздравени пациенти од: Скопје – 7, Тетово - 3, Кочани и Гостивар – по 1. 

Не се регистрирани починати пациенти. 

Досега во земјата се направени вкупно 966.813 тестирања на Ковид-19. 

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.225 бројката на оздравени пациенти е 150.333, на починати е 5.491, а бројот на активни случаи изнесува 401.  

Според епидемиолошките анализи во моментов во Куманово  има 46 активни случаи.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk