Во Куманово петмина новозаболени од коронавирус

12.10.2020 15:17 | KumanovoNews

Во последните 24 часа направени се 778 тестирања, а регистрирани се 177 нови случаи на ковид-19.

Во Куманово петмина новозаболени од коронавирус

По градови во: Скопје 96, Тетово 19, Кочани 10, Струмица 8, Штип 7, Куманово 5, Крива Паланка 2 и др.

Починати се 5 лица, пациент од Тетово (67), Струмица (87), Крива Паланка (68) и двајца пациенти од Кочани (70 и 73).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 107 оздравени пациенти. Скопје 44, Куманово 2, Штип 3...

Досега во земјата се направени вкупно 208.669 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 21113, бројката на оздравени пациенти е 16301, на починати е 797, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4015. Денес се евидентира еден контролен тест.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk