Во Куманово петмина оздравени, нема новозаболени од коронавирус

13.12.2021 16:19 | Сузана Николиќ

Направени се 1.211 тестирања, а регистрирани се 82 нови случаи на ковид-19 во државата. По градови во:Скопје – 61, Кавадарци – 9, Гевгелија – 4, Битола и Велес – по 2, Прилеп, Охрид, Неготино и Валандово – 1.

Во Куманово петмина оздравени, нема новозаболени од коронавирус

Регистрирани сe 265 оздравени пациенти од: Скопје – 128, Битола – 34, Крива Паланка – 14, Прилеп – 12, Валандово и Крушево – по 9, Ресен – 7, Кавадарци и Делчево – по 6, Велес, Куманово, Тетово и Штип – по 5, Неготино, Кочани и Радовиш – по 3, Гевгелија, Струмица, Пробиштип, Демир Хисар и Македонски Брод – по 2, Кратово – 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 3 починати лица од Скопје (56г, 80г и 86г) и по едно починато лице од Прилеп (72г), Битола (55г), Валандово (71г), Македонски Брод (66г) и Кичево (61г).  Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.503.941 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219.490, бројот на оздравени пациенти е 206.211, на починати е 7.740, а бројот на активни случаи изнесува 5.539.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 96133, Активни 2714
Куманово 13005, Активни 170
Тетово 11374, Активни 85.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk