Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Куманово побрзо ќе запишеш дете на факултет отколку во градинка, сметаат советниците во Советот на општината Куманово.
Предизвикан од пофалбите на советниците на ВМРО-ДПМНЕ дека државата го субвенционира раѓањето на трето дете и со тоа го стимулира наталитетот во државата, претседателот на советот Максим Димитриевска ги нападна политичките опоненти дека токму нивната 10 годишна политика влијае за масовно иселување на младите од државата и намалување на бројот на ученици во училиштата.
„Како младите родители да останат во државата додека владата ги стимулира да чуваат деца, кои потоа не можат да ги запишат ни во градинка. Наместо да се посветат на социо-економските проблеми во семејства тие фаќаат врски кај политичарите да ги запишат децата во градинка. Па полесно ќе ги запишете децата на факултет отколку во градинка. Петстотини деца се на листата на чекање за упис.. Затоа се иселуваат младите луѓе од градот, немаат елемантарни услови за живот. Здосадено им е од политика, само се зборува а ништо не се прави да се надминат проблемите, - рече Димитриевски.
Иако владата постојано се фали дека отвара нови градинки, дури и во руралните средини, Куманово не се најде на листата на приоритети. Општината Куманово, пак, уште во минатиот состав превзеде обврска со свои пари да ги прошири капацитетите во два клона, но не го реализира ветувањето. Средствата кои беа во развојната програма за градинките, вчера беа пренаменети за други цели.
„Ова е вашата грижа за децата и најмалите, ставката со предвидените 15 милиони денари за градинките се брише, - им префрли советничката Христина Краиновиќ од ВМРО-ДПМНЕ, по нападите на централната власт за миграција на младите.
Во Куманово проблемот со сместувачките капацитети во градинките е хроничен. Во градинската „Ангел Шајче„ има место за околу 1000 деца, а годинава се запишани 1700 деца. На листата на чекање се над 500 деца.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk